Кошаркарите на Маџари ја остварија и четвртатата победа во последните пет натпревари во домашното првенство, откако попладнево славеа на Гостивар со 78:64.
Избраниците на Миодраг тодоровиќ покажаа дека не случајно се дел од кошаркарската елита, па она што им побегна за влакно во првите кола од новата сезона, сега не дозволуваат да им побегне од раце. По израмнетата прва четвртина 15:15, во вториот период Маџари почна да прави разлика и на одмор замина со 6 поени предост – 35:29.
Во второто полувреме домашните продолжија со супериорната игра и успеваа да ја зголемуваат предноста од минута во минута. Во финалната четвртина скопскиот тим влезе со 56:45 и јасен показател дека се на прагот на нова победа. Иако Гостивар се обиде во финалниот период да се приближи, сепак, расположените домашни кошаркари продолжија со одличната игра и на крајот дојдоа до убедлив триумф.
Извонредно издание кај Маџари имаа Миловановиќ и Хот кои средбата ја завршија со по 15 поени, додека кај Гостивар најефикасен беше Абрам, зад чие име останаа запишани исто така 15 поени.










