Пелистер го одреди терминот за Вардар, билетите во продажба од утре

0

Во Битола се е подготвено за ново ракометно македонско Ел Класико. Предмалку од тимот на Е.Пелистер објавија дека од утре ќе бидат пуштени во продажба билетите за големото дерби против Вардар кое што е закажано за в среда на 10.12.2025 со почеток од 18:00 часот.

Ова секако е еден од дуелите кои што ќе го одбележи тековниот домашен шампионат, кој што е исклучително неизвесен, борбен, и интензивен од повеќе страни. Е.Пелистер и Вардар како најголеми ривали, но тука секако се прашуваат и екипите на Алкалоид, Охрид, Тиквеш….

ПретходноБуендиа го реши дербито, Астон Вила со голем триумф над Арсенал