Полувреме ПМФЛ: Шкендија води во Куманово против Башкими (ВИДЕО)

1

Во рамките од последното ПМФЛ 16. коло од овогодинешниот шампионат, есенска полусезона, денеска во Куманово се среќаваат екипите на Башкими и Шкендија. Гостите на полувреме водат со 1:2.

Првично дојдоа во водство со автоголот на искусниот Алими кој што во обид да одстрани една опасност по нафрлената топка, истата ја зафати со глава и го измами голманот Јашар.

Тоа се случи во четвртата минута од мечот, за да по само три миниту домашните изедначат.

Алексовски одлични реагира на еден прекрасен низок центаршут кој што ја стави топката на петерец, и во идеална позиција за напаѓачот.

Сепак, по серијата шанси за гостите, Тамба во 34. минута повторно и носи водство на Шкендија.

ПретходноПо голема драма, Македонија ремизираше против Словенија