Португалците се претпазливи: Свесни сме дека Македонците нема да ни го олеснат животот

1

Повеќе од месец дена не делат од стартот на Европското првенство 2026 година во ракомет кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Македонија ќе биде дел и од ова големо натпреварување. Кирил Лазаров и неговите момци ги чека тешка задача, ќе играат против Данска, Португалија и Романија, град домќин ќе биде Хернинг.

Фаворитската улога за пласман во главната рунда ја имаат Данците и Португалците. Капитенот на Спортинг, Салвадор Салвадор во интервју за ЕХФ ја анализираше групата.

„Имаме тешка група, играме против можеби најголемиот фаворит за освојување на натпреварувањето, Данска, која исто така игра дома, а потоа се соочуваме со две екипи кои исто така имаат свои цели и за кои знаеме дека нема да ни го олеснат животот, Романија и Македонија“, вели Салвадор и додава: 

„Свесни сме за нивото на екипите во нашата група, свесни сме за нивото на игра на Европско првенство, а исто така сме свесни и за тоа што сакаме и за целите што си ги поставивме. Значи, мислам дека ќе биде тешка група, особено затоа што се соочуваме со најголемиот фаворит, но сме многу решени да се бориме и сме многу посветени на пласман во главната рунда“, анализира Салвадор.

Македонија на 16. јануари отвара против Данска, додека два дена подоцна се среќава во Португалија. На последниот меч од групната фаза за противник ќе ја има селекцијата на Романија.

ПретходноАртета во нови проблеми: Арсенал во дефанзивна криза, се повреди и третиот стопер