Денеска се комплетира 15-то коло во Супер-лигата, на програмата се три мечеви. Алкалоид по големиот бод во Битола на домашен терен (18 часот) го пречекува Радовиш, ова треба да бидат лесни два за избраниците на Кирил Лазаров, бидејќи гостите се најслабиот тим во ова друштво, немаат нити еден бод.
Алкалоид пак со нови два бода ќе остане на делба на третото место со ГРК Охрид, кој има 23 бода. Лидер е Вардар 1961 со 30 бода, четири повеќе од Пелистер.
Пред оваа средба (17 часот) Пролет ќе го пречека Прилеп. Ова ќе биде пресметка на два тима кои се во долниот дел од табелата, но би можеле да напредуваат со оглед на кризата која го зафати Бутел Скопје. Кога сме кај Бутел, тој е гостин на Куманово уште една интересна среда која стартува во 18 часот.











