Работнички им се врати на победите

1

Работнички дојде до петтата победа откако на гостински терен го совлада Ангели со убедливи 73-117 во првиот меч од деветото коло во Супер-лига. „Црвено-црните“ доминираа против младиот состав и повратник во елитата.

Алстон со 25 поени беше прв стрелец кај победникот, 21 поен имаше Робев, додека по 20 поени имаа Ефремовски и Рикиќ, со тоа што последниот запиша дабл-дабл, додаде 13 скока. На другата страна Кечовски имаше 21 поен.

Победникот на овој меч беше решен после едно полувреме по кое гостите водеа со 39-63. Работнички беше подобар во сите четвртини и без проблем го приведе овој дуел во своја корист.

На другата страна Ангели за кого беше ова осми пораз, својата шанса за втора победа ќе ја бараат во следното коло.

ПретходноСасуоло со пресврт до триумф над Фиорентина