Шкендија со триумф ја заврши есенската полусезона (ВИДЕО)

61

Актуелниот шампион Шкендија со победа ја финишираше есенската полусезона од годинешниот ПМФЛ шампионат.

Тетовци попладнево на гостувањето во Куманово кај Башкими, тирумфираа со конечни 1:3, и на тој начин ја остварија планираната цел.

Шкендија на време дојде во водство на овој дуел, онака како што и посакуваше. Изведениот слободен удар од десно со глава го зафати Арменд Алими, кој што наместо да расчисти си постигна ефектен автогол измамувајќи го голманот Јашар.

Тоа се случи во четвртата минута од мечот, за само три минути подоцна, домаќините да израмнат. Алексовски се најде на вистинското место во петерецот, користејќи одличен центаршут.

Сепак, Шкендија на одмор замина со предност, откако Фабрис Тамба погоди за 1:3 во 34. минута по една мешаница во домашниот шеснаесетник.

Во второто полувреме, Шкендија ја продолжи својата доминација како и дотогаш, а шанси имаа и Ибраими и Тамба.
Сепак, двојна предност за гостите донесе Фитон Адеми со својот четврт гол сезонава во 74. минута од мечот.

ПретходноИ ова се случи…. црвен картон уште пред да започне мечот (ВИДЕО)
СледноДве нерешени на второлигашките терени