Фудбалерите на Атлетико Мадрид го продолжија лошиот почеток на декември со втор последователен пораз во шпанското првенство. Само четири дена по поразот од Барселона, „јорганџиите“ останаа без бодови и на гостувањето против Атлетик во Билбао.
Домашниот тим победи на „Сам Мамеш“ со 1:0 во 15. коло од Примера, нанесувајќи им го третиот пораз на гостите од Мадрид оваа сезона.
Поголемата иницијатива на домашниот тим во вториот дел беше крунисана со водство во 85-тата минута со многу убав гол на Алекс Беренгер, кој со прецизен удар ги казни гостите од Мадрид за промашувањата претходно.










