Верстапен најбрз во квалификациите, утре стартува од пол позицијата

30

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на квалификациите на трката за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати која што се вози во Абу Даби.

Тој на овој начин си обезбеди пол позиција на утрешната трка која што е последна од тековниот шампионат. Зад него ќе бидат Ландо Норис од Мекларен и Оскар Пиастри.

Верстапен извозе најбрз круг со време од 1:22:207, а Норис закасни 0.201 дел од секундата.

Пред последната тека во шампионатот, лидер во генералниот пласман е Ландо Норис со 408 бодови пред Ферстапен со 12 бодови помалки додека Пиастри има 392. Трката утре стартува од 14:00 часот.

ПретходноВиљареал без проблеми на свој терен
СледноСасуоло со пресврт до триумф над Фиорентина