По голема драма, Македонија ремизираше против Словенија

72

Македонскат женска ракометна репрезентација на вториот меч против Словенија на меѓународниот турнир во Анкара во рамките на ЕХФ-неделата одигра без победник 23-23 (11-13). Избраничките на Кристијан Грчевски имаа шанса да запишат триумф, но не искористија напад.

Јована Кипријановска со осум гола беше прв стрелец, зад неа беше Јанкуловска со четири.

Нашите ракометарки добро го отворија мечот, поведоа со 4-1 во 10-тата минута. Словенија го искористи моментот на играл повеќе на теренот за да изедначи 4-4. Македонија до пред крајот на првото полувреме одржуваше позитива од два гола, по што следеше пад во играта, противникот на одморот успеа да поведе со 11-13.

Иако разликата н теренот не беше голема, сепак Словенија беше во предност, на стартот на 50-минута поведе со 17-20. После две и пол минути игра противникот заработи две исклучувања, а Македонија успеа да го врати водството, Кирпијановска погоди за 21-20 54-та минута. Противникот после долго време реализираше за 21-21 и вистинска драма во финишот. Грчевски повика тајм-аут на минута и пол до крајот при 22-22, стигна реализација, но и на другата страна Словенија изедначи на 23-23. Македонија не го искористи последниот напад за да дојде до победа.

Нашите девојки утре го играат последниот меч, а таму ќе се сретнат со Словачка.

ПретходноВилсон: Вистинско дерби, сакаме победа над ТФТ и прво место
СледноПолувреме ПМФЛ: Шкендија води во Куманово против Башкими (ВИДЕО)