Тодоровиќ: Одигравме тимски, зрело и дисциплинирано

0
фото: КК Маџари ГБ (FB)

Кошаркарите на Маџари денеска потврдија дека се во одлична серија во домашниот шампионат и ја обезбедија четвртата победа во последните пет настапи. Тренерот Миодраг Тодоровиќ по победата над Гостивар потенцираше дека дисциплината во играта донесе нов триумф.

„Честитки до играчите за начинот на кој го одигравме овој натпревар. Од самиот почеток влеговме со јасна идеја, ја контролиравме играта и го наметнавме нашето темпо. Втората четвртина беше клучна за да ја преземеме иницијативата и да создадеме резултатска разлика што ја одржавме до крај. Гостивар покажа квалитет, но ние останавме дисциплинирани и реагиравме зрело на секој нивен обид да се приближат. Момците одиграа тимски, концентрирано и целосно ги испочитуваа договорените задачи. Задоволен сум од пристапот и од енергијата која ја прикажавме пред нашата публика. Продолжуваме со работа — ова е само уште еден чекор во процесот на градење стабилна и конкурентна екипа“, вели Тодоровиќ.

ПретходноТФТ замина победнички и од Битола, МКК Куманово подобар од Тиквеш