Тимот на Силекс на најдобар можен начин ја заврши есенската полусезона во ПМФЛ шампионатот. Во рамките од 16. последно коло денеска на Арената во Скопје, кратовци му одржаа лекција на Работнички и го совладаа со високи, убедливи и заслижени 0:3.

Што да се каже за дуел во кој гостите по само 13. минути водеа со 0:2. Мартин Мирчевски кој што игра во одлична форма есенва на два пати го матираше Василев и донесе сигурно водство.

Трајков на спротивната страна не реализираше зицер, односно Џеков одбрани, за да во 44. минута Додев со одмерен удар од страна погоди за 0:3.

Во вториот дел Работнички во ниту еден момент не покажа дека има намера да се враќа резултатски во игра од едноставна причина. „Романтичарите“ толку можат во моментов. Толку е капацитетот, на претпоследниот тим на табелата.
Силекс пак нормално, кога веќе ја заврши главната задача во првите 45. минути во продолжението само рутински го одработи мечот.















