И дефинитивно во среда попладне Битола ќе “ГОРИ“. Од 18 часот во салата “Боро Чурлевски“ се игра мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар, меѓу шампионот и актуелниот лидер на табелата. Интересот е огромен, најголем доказ за тоа што билетите за овој спектакл за само 15 минути се продадени, ова е најновата информација од Битола.
Иако Вардар во моментов е во далеку подобра форма, сепак битолчани добро знаат дека овој натревар едноставно не смеат да ги загубат и со помош на своите фанови ќе сторат се даго победат Вардар, својот вечен ривал.
Тоа ќе биде спектакл пред преполни трибини, а на нив ќе бидат и “Чкембари“ и “Комити“.
Уште еден вистински ракометен празник во Македонија.










