Браво девојки. Женската ракометна репрезентација на Македонија е победник на силниот меѓународен турнир во Анкара (Турција). Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски утринава во меч кој решаваше за првото место, успеа да слави против Словачка со 26:24 и со тоа да заврши како прва.
Секако дека ова е голем успех. Да се потсетиме дека на претходните мечеви Македонија ја победи Турција и ремизираше против Словенија.
Па така со две победи и едно реми, без пораз, Македонија е победник во Анкара.
Овој натпревар ракометарките на Словачка подобро го отворија, но Македонија имаше 4-4, за да на крјот од полувремето резултатот бепе 12:12.
Сепак во второто полувреме, во продолжение од средбата, Македонија одигра многу подобро, како во одбраната така и во нападот и тоа вроди со плод. Разликата во наша корист се билдаше, и покрај напорите на противникот да се обиде да стори нешто, сепак нашите ракометарки умешно го завршија натпреварот во своја корист и на крајот заслуженио се радуваа.
Во нашата селекција Кипријановска со седум голови беше најефикасна, Ризоска запиша шест а Гугуљанова заврши со четири погодоци.










