Брера посакува победа против Шкупи за крај на годината!

56

АП Брера има четири порази на последните пет натпревари во Првата лига и ќе се обиде да ја прекине лошата серија на денешниот дуел против Шкупи во Струга.

Ако има тим со полоша серија, тоа е токму Шкупи, кој нанижа пет порази на последните пет меча. Струмичани се надеваат дека тоа ќе успеат да го искористат и да стигнат до значајни три бода во трката за опстанок.

Секој натпревар е важен, а ние се подготвуваме на идентичен начин. Ќе се обидеме да играме фудбал, во домен што ќе ни го дозволи и тешкиот терен. Но, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил“, вели тренерот Мартин Алаѓозовски.

Натпреварот меѓу Шкупи и АП Брера е закажан за 13 часот, на Градскиот стадион во Струга.

ПретходноОткако на Мајами му донесе трофеј: Меси со оваа изјава го воодушеви светот! (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ: „Тажно е и за Партизан и за Евролигата што Обрадовиќ си замина!“