Денеска од 13 часот на програмата се два меча од 15.коло во ВМФЛ. Г.Коњари го пречекува составот на Тетекс, а во Виница домашната Слога игра против Охрид, во меч кој е екстра значаен за гостите.
Имено тие во случај на победа и дефинитивно и официјално се есенски прваци.
Во пресрет на овој меч Шкендија Арачиново е лидер со 35 бода од 15 меча, Охрид е втор со 33 бода од 14 меча, следува Брегалница со 33 бода од 15 меча…
Значи конечната табела по есенскиот дел ќе се знае по денешниот меч во Виница каде на Охрид му е неопходна победа за да презими како лидер на табелата во ВМФЛ, реми не му одговара.
Јасно е дека охриѓани се големи фаворити и се освен нивна победа ќе биде рамно на сензација. Сепак ретко кој очекува дека Охрид ќе испушти ваква шанса да дојде до есенската титула.
Инаку есенската полусезона завршува со мечот од 15.коло Детонит – Скопје кој се игра на 12 декември.










