Екипата на Охрид е есенски шампион во второлигашката конкуренција. Денеска финишираше и ова натпреварување со своето 15. издание есенва, а на првата станица што се вели, прв стигнува второлигашот од Охрид.
На „Рибарите“ им беше денеска потребен триумф во Виница кај Слога, а тоа и се случи. Гостите триумфираа со 0:2, и на тој начин обезбедија голем успех.
Иако многумина не очекуваа ваков развој на настаните сезонава, сепак, Охрид е тимот кој што прв на полусезоната минува низ целта.
Охрид финишираше со 36 поени, Шкендија Арачиново со 35, додека пак Брегалница со 33. Напролет се очекува жестока битка за влез во ПМФЛ конкуренцијата.
Во вториот денешен дуел Големо Коњари и Тетекс одиграа 2:6










