Мбапе или Роналдо? Еве што мисли Чаби Алонсо!

60
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Чаби Алонсо верува дека Реал Мадрид се врати на вистинскиот пат откако го победи Атлетико во Билбао. Тој особено го пофали Килијан Мбапе, кој блеска оваа сезона, а многумина веруваат дека Французинот би можел да ги сруши дури и бројните рекорди на Кристијано Роналдо во Мадрид. Чаби Алонсо не избра страна помеѓу двајцата, а ве потсетуваме дека тој беше соиграч на Роналдо.
„Кристијано е Кристијано, а Килијан е Килијан. Тие се феноменални, посебни играчи и не треба да се споредуваат. Имаме среќа што Мбапе е во нашиот тим и треба да го искористиме тоа максимално. Килијан е на пат да ја напише историјата на Реал Мадрид исто како Роналдо. Што се однесува до нивните карактери, амбиции, статистика, тие се елитни во секоја смисла“, рече Чаби Алонсо.
Французинот веќе постигна 25 гола во Ла Лига и Лигата на шампионите оваа сезона, во 20 натпревари, и ако продолжи со ова темпо, навистина би можел да постави голем број рекорди.

Вечерва Реал Мадрид во меч од 15.коло дома игра против Селта Виго.

ПретходноЕлче со лекција за Џирона
СледноБрајтон се спаси од пораз против Вест Хем