Возачот на Мекларен, Ландо Норис, денеска стана светски шампион во последната рунда од сезоната 2025.
Триумфот беше 13-ти во историјата за британскиот тим. Претходни шампиони со Мекларен беа Емерсон Фитипалди во 1974 година, Џејмс Хант (1976), Ники Лауда (1984), Ален Прост (1985, 1986, 1989), Аиртон Сена (1988, 1990, 1991), Мика Хакинен (1998, 1999) и Луис Хамилтон (2008).
Тимот од Вокинг се приближи до рекордот на Ферари на само две титули. Скудерија има 15 индивидуални титули, Мекларен 13, додека третото место на вечната листа е за Мерцедес (9). Следуваат Ред Бул (8) и Вилијамс (7).










