МЗТ Скопје А. пукна прва „стотка“ и убедливо го порази Кожув (ФОТО)

40

Рутински и убедливо. Кошаркарите на МЗТ Скопје А. без поголеми проблеми ја прокнижија и осмата победа оваа сезона, откако вечерва во мечот од 9. коло во домашниот шампионат пред своите навивачи го совладаа Кожув со високи 101:79.

Победата беше најавена уште во воведните 20 минути од мечот. Особено моќен беше вториот период во кој момците на Атанасов направија +14 и практично ги откажаа гостите.

По паузата следуваше уште еден 10-минутен период во кој домаќините го полнеа кошот на гостите и дојдоа до предност од 87:53 со која се влезе во последната делница од мечот, кога се веќе беше решено.

Во редовите на шампионот, Магдевски беше најефикасен постигнувајќи 21 поен, додека Петков имаше 15. Кај гостите од Гевгелија најефикасен заврши Вашингтон со 30 поени.

ПретходноМарк Гуеи му донесе победа на Палас кај Фулам (ВИДЕО)
СледноНов гол: Ќамили погоди на стадионот каде во март ќе играме бараж со Данска