Норис, Верстапен или Пјастри: Епска трка во Абу Даби за титулата во Ф1!

93
ФОТО: F1/FB

Денеска и дефинитивно ќе се знае кој е светски првак во Формула 1 за сезоната 2025. Ландо Норис, Макс Верстапен кој е актуелен шампион и Оскар Пјастри.

Абу Даби (14 часот) и епската трка која е последна за оваа сезона, ќе го даде одговорот за тоа е кој ќе биде светски првак.

Норис во пресрет на оваа трка има 408 бодови, Верстапен 396 и Пјастри 392.

Ова се сите можни комбинации за тоа што им треба на тројцата на денешната трка да завршат како светски прваци:

Како Норис ја добива титулата?
Норис ќе ја освои титулата ако победи или заврши втор или трет.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши четврти или петти, а Верстапен втор во најдобар случај, без разлика што ќе направи Пјастри.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши шести или седми, Верстапен е втор во најдобар случај, а Пјастри не победи.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши осми, Верстапен е трет во најдобар случај, а Пјастри не победи.
Норис ќе ја освои титулата ако заврши деветти, Верстапен е четврти во најдобар случај, а Пјастри не победи.
Норис ќе ја освои титулата ако е 10-ти, Верстапен е четврти во најдобар случај, а Пјастри е барем трет.
Норис ќе ја освои титулата ако не освои ниту еден поен, ако Верстапен е четврти во најдобар случај, а Пјастри е барем трет.

Како може Верстапен да ја освои титулата?
Верстапен ќе ја освои титулата ако победи, Норис ќе биде четврти во најдобар случај, без разлика што ќе направи Пјастри.
Верстапен ќе ја освои титулата ако заврши втор, Норис ќе заврши осми во најдобар случај, а Пјастри заврши барем трет.
Верстапен ќе ја освои титулата ако заврши трет, Норис во најдобар случај деветти, а Пјастри барем втор.


Како може Пјастри да ја освои титулата?
Пјастри ќе ја освои титулата ако победи, Норис е шести во најдобар случај, без разлика што ќе направи Верстапен.
Пјастри ќе ја освои титулата ако заврши втор, Норис во најдобар случај 10-ти, а Верстапен барем четврти.

ПретходноТренерот на Ренџерс за Миовски: Среќен сум кога напаѓач постигнува два гола, тоа е фантастично!
СледноВМФЛ: Охрид денеска со победа во Виница е есенски шампион!