Возачот на Мекларен, Ландо Норис е новиот светски првак во Формула 1 шампионатот. На историската последна трка сезонава во Абу Даби, британецот успеа да ja задржи бодовната предност која што ја имаше и на тој начин да испише нова страница од Формула 1 историјата. Иако денес тој не заврши како прв на трката сепак, бодовната ситуација му овозможи тој да биде лауреатот во една од најјинтересните сезони во поновата историја на овој спорт.
Завршува ерата на Макс Верстапен кој што денеска победи но за негова жал, таа победа е пирова. На втората позиција со 12.594 заостанување се пласираше Оскар Пиастри, а трет беше сега веќе актуелниот шампион во Формула 1, Ландо Норис, кој шро патем заостана 16.572.
Норис во конечниот пласман е подобар од Верстапен за два поени. Со ова се става крај на една цела ера во Формула 1, пред се затоа што од следната сезона ќе има неколку нови правила, нови тимови. Дел од производителите заминуваат, како и неколку возачи.
Ова секако е и крај на ерата на Макс Верстапен кој што беше четирикратен последователен шампион.










