Иако посакувањата беа Мохамед Салах уште минатата или оваа година да се пресели во С. Арабија, до тоа не дојде. „Фараонот“ потпиша нов договор. Сепак откако вчера по мечот најави дека сака да си оди од Ливерпул, пребогатите шеици од С. Арабија тријат раце и сметаат дека уште во јануари ќе успеат да го доведат во тамошната лига.
Да потсетиме дека тогаш понудата беше фантастична, нешто слична како онаа на Роналдо.
Салах би можел да заработува околу 172 милиони евра годишно и да стане амбасадор на Саудиска Арабија, исто како Кристијано Роналдо. Салах би имал и право на ко-сопственост на клубот во иднина.
Тие тогаш му ставија до знаење на Салах дека понудата ќе биде повторно достапна во 2026 година, но се веруваше дека тоа ќе биде во текот на летото.
Сепак, она што се случи синоќа по натпреварот на Ливерпул со Лидс, ги натера Саудијците да подготват понуда за јануари.
“Не знам зошто, но онака како што јас го гледам тоа, некој не ме сака во клубот“, рече Салах.
Салах од Саудиска Арабија го сакаат Ал Итихад и Ал Хилал, и како што стојат работите, овие два клуба ќе се борат за потписот на играчот на Ливерпул во јануари.
Патем, Салах го поканил своето семејство на следниот натпревар на Ливерпул на Енфилд за, како што рече, да се збогува со навивачите…










