Силекс „гази“ на терен, „Кратери“ на трибините

704

Прегазен е Работнички од Силекс среде Скопје со убведливи 0:3, постигнати уште по првите 45 минути со двата гола на Мирчевски и оној на Додев. Гостите го декласираа ривалот од Скопје кој го претрпе и најубедливиот пораз во историјата на домашен терен кога станува збор за дуелите со екипата од Кратово.

 

Она што беше интересно попладнево на националната арена е тоа што фудбалерите на Силекс си „бришеа патос“ со ривалите од Работнички додека и нивните навивачи „кратери“ беа доминантни на трибините. До какво дно дојде тим каков што е Работнички. Каква беда, каква мизерија од екипа оваа есен а летово и двата клуба беа изедначени и играа во евро-куповите.

Но од една страна имаме стабилен клуб како Силекс и финансиски банкрот во каков што е Работнички кој резултира со само 7 бода на табелата и ситуација од која спас се нема. Милиони, авиони…. и експресно кон Втора лига! Додека играчите немаат „скапана банка“, ги беркаат од становите поради неплатени кирии…. некои други добро профитираат од распадот на еден од најголемите фудбалски брендови во земјава. Во нормална држава вакво нешто не се случува а само тука клубовите ни ги уништуваат фантомски спонзори од странство.

 

ПретходноЕлези стрелец за Сараево во големото дерби против Жељо (ВИДЕО)
СледноНорис е нов светски првак во „лудата“ завршница од Формула 1