Фудбалерите на Валенсија извадија бод на домашен терен во меч со екипата на Севиља играјќо 1:1 во еден од денешните дуели од 15-тото коло на шпанската Ла Лига. Во составот на домашните, нашиот Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резерви и покрај одличниот настап во Копа дел Реј, а Валенсија денеска не успеа да дојде до посакуван триумф во еден од исклучително важните натпревари во битката за бекство од „црвената зона“ на табелата.
Севиња со автоголот на Тарега беше во водство од 58. минута, се до завршницата на мечот, кога спас за домашните донесе Хуго Дуро со гол во третата минута од продолжението. Ова беше трето реми за „лилјаците“ во послендите четири меча во првенството во кои немаат ниту еден пораз.










