Тренерот на Ренџерс за Миовски: Среќен сум кога напаѓач постигнува два гола, тоа е фантастично!

190
ФОТО: Rangers FC/FB

Синоќа на гостувањето кај Килмарнок, Бојан Миовски со два гола беше најзаслужен за победата на Глазгов Ренџерс од 0:3. Со тоа Македонецот и тоа како им ги затвори устите на оние критичари кои во посчедно време во негативна конотација говореа за него.

По мечот тренерот Дени Рол откри дека неодамна имал разговор за охрабрување со Бојан Миовски, а исто така напомена дека и тоа како е задоволен од настапот на Македонецот.
Рол го опиша исходот како „одличен резултат“ и за придонесот на Миовски рече:

За мене, тоа е малку резултат од последните седум дена.
Разговаравме еден со друг. Имаше неколку добри шанси. Тој е поприлагодлив во моментов, не само што останува на последната линија, туку помага и во градењето. Среќен сум кога напаѓач постигнува два гола, тоа е фантастично. Општо земено, разговаравме за тоа што барам од него. На крајот, ако работите напорно, тогаш можете и да постигнете гол и заслужувате да постигнете гол“.

ПретходноКлиперси испуштија победа, Харден испиша историја!
СледноНорис, Верстапен или Пјастри: Епска трка во Абу Даби за титулата во Ф1!