Шкупи денеска ќе го одигра последниот натпревар за 2025 година, кога ќе се сретне со екипата на АП Брера во рамките на 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќините се надеваат дека спортската среќа конечно ќе им се насмевне на последната средба оваа година и ќе ја забележат толку посакуваната победа.
Третиот капитен на Шкупи, Џихан Адили, истакнува дека тимот работел сериозно и максимално се подготвувал за претстојниот предизвик.
„Последниот натпревар против Брера го загубивме не поради недостаток на посветеност, туку поради недостаток на среќа во клучните моменти. Тимот работеше сериозно и е максимално подготвен за следниот предизвик. Се надеваме дека овој пат среќата ќе биде на наша страна и ќе го постигнеме резултатот што го бараме и го заслужуваме“, изјави меѓу другото Џихан Адили.
Во првата пресметка што се одигра во Кавадарци, екипата на АП Брера забележа минимална победа, благодарение на голот на Стојанов постигнат пет минути пред крајот на натпреварот.
Натпреварот Шкупи-Брера ќе се игра на стадионот на Струга во 13 часот.















