Битола ќе “ГОРИ“: Продадени сите билети за мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар! (ФОТО)

183
ФОТО: RK Eurofarm Pelister/FB

И дефинитивно во среда попладне Битола ќе “ГОРИ“. Од 18 часот во салата “Боро Чурлевски“ се игра мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар, меѓу шампионот и актуелниот лидер на табелата. Интересот е огромен, најголем доказ за тоа што билетите за овој спектакл за само 15 минути се продадени, ова е најновата информација од Битола.

Иако Вардар во моментов е во далеку подобра форма, сепак битолчани добро знаат дека овој натревар едноставно не смеат да ги загубат и со помош на своите фанови ќе сторат се даго победат Вардар, својот вечен ривал.

Тоа ќе биде спектакл пред преполни трибини, а на нив ќе бидат и “Чкембари“ и “Комити“.

Уште еден вистински ракометен празник во Македонија.

ПретходноДимитријевиќ: „Тажно е и за Партизан и за Евролигата што Обрадовиќ си замина!“
СледноШтип УГД го претрпе првиот пораз сезонава од Струмица 47&72