Додека Јамал блескаше на теренот, неговиот татко предизвика инцидент на трибините! (ВИДЕО)

113
ФОТО: FC Barselona/X

Додека Ламине Јамал вчера блескаше на гостувањето кај Бетис, неговиот татко имаше свое “шоу“ на трбините. Имено Мунид Насрауи, татко на тинејџерската ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, се најде во центарот на вниманието откако беше обвинет дека ги провоцирал навивачите на Реал Бетис за време на возбудливиот натпревар од Ла Лига во саботата.
Барселона победи со 3:5 на гостинскиот натпревар, а херој на натпреварот беше Феран Торес со хет-трик, додека Јамал и Руни Барџи исто така постигнаа голови. Каталонскиот гигант ја зголеми својата предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид на четири бода.
Според извештајот на Јага де Вега на Радио Карусел Депортиво, ситуацијата на трибините станала напната откако таткото на Јамал наводно ги провоцирал домашните навивачи во негова близина. Се вели дека тој гестикулирал кон нив, што предизвикало гнев и довело до вербални конфронтации и напнати моменти.
Инцидентот барал интервенција на обезбедувањето на стадионот, кој му се приближил на таткото на Јамал и го замолил да се смири. Ова не е прв пат таткото на Јамал да биде во центарот на вниманието.
Минатата година, тој беше избоден по тепачка на паркинг во шпанскиот град Матаро. За среќа, тој се опорави и сега го придружува својот син на натпревари низ Шпанија и Европа.

ПретходноАдили: Се надевам дека денеска среќата ќе биде на наша страна!
СледноРаботнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч