Нов гол: Ќамили погоди на стадионот каде во март ќе играме бараж со Данска

84
фото: Sønderjyske Fodbold (X)

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили повторно беше стрелец за својот тим сондерјиске, овој пат во големата победа на гостински терен против екипата на ФК Копенхаген од 0:2. Ќамили го отвори резултатот со погодок во 43. минута, по што неговиот тим постигна уште еден гол за предност и од 0:2.

Ова беше четврти гол за Ќамили оваа сезона во дресот на данскиот прволигаш. Интересно е што голот дојде на истиот стадион на кој Македонија во март ќе го одигра полуфиналето од баражите за пласман на СП 2026 против селекцијата на Данска.

ПретходноМЗТ Скопје А. пукна прва „стотка“ и убедливо го порази Кожув (ФОТО)
Следно10 поени за Јакимовски, нов пораз на Тренто