Силен Силекс на Арената (ВИДЕО)

103

Тимот на Силекс на најдобар можен начин ја заврши есенската полусезона во ПМФЛ шампионатот. Во рамките од 16. последно коло денеска на Арената во Скопје, кратовци му одржаа лекција на Работнички и го совладаа со високи, убедливи и заслижени 0:3.

Што да се каже за дуел во кој гостите по само 13. минути водеа со 0:2. Мартин Мирчевски кој што игра во одлична форма есенва на два пати го матираше Василев и донесе сигурно водство.

Трајков на спротивната страна не реализираше зицер, односно Џеков одбрани, за да во 44. минута Додев со одмерен удар од страна погоди за 0:3.

Во вториот дел Работнички во ниту еден момент не покажа дека има намера да се враќа резултатски во игра од едноставна причина. „Романтичарите“ толку можат во моментов. Толку е капацитетот, на претпоследниот тим на табелата.

Силекс пак нормално, кога веќе ја заврши главната задача во првите 45. минути во продолжението само рутински го одработи мечот.

 

ПретходноОткако најави дека си оди од Ливерпул: Пребогатите шеици од С.Арабија со фантастична понуда до Салах!
СледноГФК Охрид е есенски шампион во ВМФЛ конкуренцијата (ВИДЕО)