Македонскиот интернационалец во бугарското првенство, младиот Георг Стојановски, постигна нов гол за екипата на Спартак Варна. Денеска во „македонското дерби“ со екипата на Левски, Стојановски погоди за да го ублажи поразот на домашен терен од 1:3.
Спартак Варна е предводен од нашиот искусен стратег Ѓоко Хаџиевски, кому Стојановски му е внук. На спротивната страна во тимот на Левски требаше да биде нашиот репрезентативен бек, Никола Серафимов, но тој денеска остана на клупата за резерви.










