Толку беше: Серхио Рамос заминува, се прости од фановите на Монтереј

47

Легендата на Реал (М), Шпанецот Серхио Рамос го одигра својот последен натпревар за мексиканскиот клуб Монтереј во саботата навечер, во поразот од 3-2 од Толука, резултат со кој тимот беше елиминиран во полуфиналето на мексиканското првенство. По натпреварот, 39-годишниот дефанзивец изјави дека заминува.

„Мислам дека тоа го ставив јасно до знаење минатата недела и очигледно ова е мојот последен натпревар за Монтереј“, изјави тој.

„Тажен сум, но со чиста совест знаејќи дека дадовме сè од себе на теренот. Сега е време да научиме, да се собереме и да разбереме дека и ова е дел од фудбалот. Најголемо жалење е што не можевме да им пружиме на навивачите уште едно финале, бидејќи тие го заслужуваат повеќе од кој било друг. Ви благодарам за вашата поддршка. Напред Монтереј!“, напиша Рамос на социјалните мрежо.

Серхио Рамос одигра 34 натпревари и постигна осум гола за Монтереј.

ПретходноХрватска го има најбрзиот пливач во Европа!
СледноЧаир го изненади Феникс 2010