Тимот на Сараево е во екстаза откако денеска го доби големото градско дерби против Железничар со високи и убедливи 4:0.
Домаќинот го уништи големиот ривал во секоја фудбалска смисла, а голем удел во овој триумф имаа и нашите интернационалци.
Агон Елези го отвори резултатот на стартот на мечот, и го најави големиот домашен триумф
Искусниот Стефан Ристовски одлично се снајде во Сараево по летната преселба од Динамо Загреб и веќе е миленик на навивачите.
Ристовски ја има и „фотката“ на денот плна емоции, весели, тажни, победнички….










