Хрватска го има најбрзиот пливач во Европа!

60
фото: Hrvatski olimpijski odbor (X)

Младиот хрватски пливач Јере Хрибар го освои златниот медал во финалето на 50 метри слободен стил на последниот ден од Европското првенство во пливање во 25-метарски базени кое се одржа во Љублин, Полска.

Младиот 21-годишен Хрват стана најбрз пливач на Стариот континент со резултат од 20,70 секунди. Да потсетиме, само еден ден претходно, тој освои сребро на 100 метри слободно, а бронза со хрватската штафета во 4 x 50 слободен стил. Второто место со идентично време од 21,81 го освоија Французинот Грусе и Украинецот Шермет, кој, пак, го собори јуниорскиот светски рекорд.

ПретходноДимевски со признание за Берат Јакупи: Завршувањето на кариерата отвора на ново поглавје во Олимпискиот комитет
СледноТолку беше: Серхио Рамос заминува, се прости од фановите на Монтереј