Чаир го изненади Феникс 2010

30
фото: BC Feniks 2010 (FB)

Кошаркарите на Чаир направија изненадување во последниот натпревар од 9. коло во Првата лига. Вечерва на гостувањето против Феникс 2010, чаирчани славеа со 71:81 и ја обезбедија третата победа, со која се израмнија по бројот на победи со вечерашниот ривал.

Гостите имаа извонреден почеток на мечот во кој направија прилично голема предност, која во второто полувреме успеаја да ја задржат. Феникс 2010 на моменти во третиот период се обиде да се врати во мечот, но Чаир не дозволи пресврт.

Билингсли со 22 и Катман со 18 поени беа лидери во гостинскиот тим, додека кај Фениск 2010, рахама и Ниа постигнаа по 16 поени.

ПретходноТолку беше: Серхио Рамос заминува, се прости од фановите на Монтереј
СледноМекларен дојде на само две шампионски титули од рекордот на Ферари