Според медиумите во Чешка, главен фаворит за селекторското место е Јиндрих Трпишовски (49), тренер на Славија. Доколку тој план не успее, во игра ќе влезе добро познато хрватско име: Славен Билиќ (57). Поранешниот хрватски тренер се споменува како сериозен кандидат за клупата на чешката репрезентација, пишува iSport.blesk.cz.
„Извршниот одбор ја стесни номинацијата на две имиња, но засега нема да бидеме конкретни“, изјави првиот човек на асоцијацијата Давид Трунда по состанокот на раководството. Според информациите од чешките медиуми, првиот избор е Трпишовски, кој треба да ја предводи репрезентацијата во март во плејофот за Светското првенство, а истовремено да се ангажира и со Славија. Интересно дека Чешка е можен ривал на Македонија во баражот за пласман на СП. Имено Македонија во полуфиналето игра со Данска а Чешка со Р.Ирска.
Поранешниот селектор на Чешка, Иван Хашек, беше отпуштен кон средината на октомври по неочекуваниот пораз од 2-1 од Фарските Острови во квалификациите за Светското првенство, додека три дена претходно неговиот тим ремизираше со Хрватска во Прага (0-0).
Доколку опцијата Трпишовски не успее, федерацијата ќе се обрати на странски експерт, а менаџерот на репрезентацијата Павел Недвед е задолжен за нивниот избор. Во неговиот бележник наводно е вклучен турскиот селектор Фатих Терим, кој не доби поддршка, додека германската легенда Јирген Клинсман сè уште се споменува. Неговото име е особено интересно во контекст на турнирот во Америка, со оглед на тоа што ја водеше Јужна Кореја, можен противник на Чешка, и долго време живее во САД.
Славен Билиќ, поранешен хрватски репрезентативец и тренер, кој моментално е невработен откако го напушти саудискиот Ал-Фатех. Информациите за Билиќ како можен чешки селектор првпат ги објави порталот Aktuálně.cz, а извори од Чешкиот спорт потврдуваат дека неговото име навистина било дискутирано во федерацијата.










