Во кошарката се подготвува голем бунт против Борко Ристовски!

990

Марија Ковачева

Кошарката како никогаш сплотена. Причината е Министерот за Спорт, Борко Ристовски и неговите празни ветувања кон клубовите во Првата машка и женска лига. Човекот кој им вети подобри утре на чинителите во овој спорт, засега е далеку од реализација на истите.

Клубовите немаат видено денар. Па токму затоа се подготвува голем бунт против Борко Ристовски.

Иако веќе неколку пати тропнале на вратата на Министерството за спорт, сите апели завршиле неуспешно. Последната уплата која дел од клубовите ја добиле од оваа институција била во април, станува збор за прва рата од субвенциите. Оваа привилегија ја немале сите екипи, само оние кои се натпреваруваат на меѓуародна сцена.

И тука не застануваат маките на кошаркарските тимови, две години немаат земено пари од прoграмата за распределба на средствата од игри на среќа која одат во националните федерации, а потоа истата се сливаат на сметка на клубовите. Рокот за годишените обврски завршува на 15. овој месец.

Дознаваме дека Борко Ристовски им ветил околу 400.000 евра за развој на женската кошарка, но засега ниту за тоа нема абер.

Утре клубовите и официјално ќе го известат Министерот за спорт, Борко Ристовски дека подготуваат бунт. Доколку не ги исполни своите барања – кошарка во земјава нема да се игра.

За постетување, Ристовски беше индиректен фактор во кампањата за промена на Перо Антиќ од КФСМ, тогаш клубовите добија големи ветувања и од него, но засега нема ништо од тоа.

ПретходноПолувреме: Одличен Пелистер, Керим и Швајц за убедливо водство!
СледноИталијанскиот гигант Алианц Милано во среда му гостува на Штип УГД: Ќе одиграме за реноме и за македонската одбојка!