Од 500 до 2000 денари: Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Слован!

64
ФОТО: KF Shkendija.com

Во четврток од 18:45 часот на Арената во Скопје, во рамките на 5.коло од Лигата на Конференции, Шкендија ќе го одигра својот последен меч како домаќин во лигашката фаза на ова натпреварување. Противник е Слован Братислава од Словачка.

Како што информираат од таборот на нашиот шампион, денеска се пуштени во продажба билетите за овој меч и тие ќе чинат од 500 до 2000 денари.

За Јужната трибина, во зависност од тоа за кој блок станува збор, цената е од 500, 600 и 750 денари, додека за ВИП местата на Северната трибина тие изнесуваат 2000 денари.

Истите може да се набават он-лајн на МК.ТИКЕТС и на билетарницата на Арената “Тодор Проески“ на денот на натпреварот.

ПретходноКладилниците пресметаа: Шансите Салах да си оди во јануари се 86%
СледноИ донесе две бронзи на Македонија од ЕП, сега објави заминување во пензија