ПМФЛ: По бод за Арсими и Пелистер! Фудбалско уживање за крај на есенската полусезона!

72
ФОТО: KF Arsimi/FB

Арсими – Пелистер 3:3 е исходот од последниот меч во ПМФЛ за оваа сезона и за оваа 2025 година, кој се одигра попладнево во Гостивар. Одличен, фантастичен меч за наши услови. Веројатно ова беше најдобриот, најатрактивниот меч оваа есенска полусезона. Пелистер имаше водство од 0:2, имаше и 1:3, но Арсими на крајот имаше и два зицери за целосен пресврт.

Убави голови, пенал, исклучувања, шест голови и барем уште толку шанси, се она што треба да биде за супер меч. Така и беше.

Во првите 15 минути видовме само борба, многу трчање, но и ниту една шанса. И тогаш Пелистер изведе одлична акција по десната страна, Ивановски убаво го проигра Керим на втората статива, на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата на Ислами за 0:1 за Пелистер.

Во оваа фаза од мечот, Пелистер одигра одлично, знаеше што сака, и знаеше што треба да прави. И Арсими имаше свои шанси, пред се Шефити кој во 17.минута шутираше со глава, но над голот, а во 32.минута биеше силно, но Јовчевски го одбрани тој удар.

Една минута подоцн, гостите одново изведоа одлична акција по десната страна, но сега Швајц Ристовски “тресе“ за 0:2, за веќе убедливо водство на битолчани.

До крајот на првиот дел и Арсими и Пелистер имаа по две шанси за голови, но сепак на пауза се заминаа со тие 0:2 за гостите.

ШЕФИТИ НАМАЛУВА НА 1:2, РИСТЕВСКИ ОД ПЕНАЛ ЗА 1:3

Јасно беше дека Арсими ќе тргне со сите сили во напад, така и беше. И веднаш гол, и тоа во 48.минута кога Шефити нешто оддлево успеа да ја затресе мрежата на Јовчевски за 1:2. Ова е негов единаесетти гол оваа сезона.

По само неколку минути подоцна, малку недостигаше да дојде до резултатски егал. Таипи беше во супер шанса, но за малку не ја допре таа топка, ако ја допреше секако дека ќе беше 2:2.

Затоа пенал по фаулот врз Керим во 58.минута. Следуваше петминутна ВАР проверка, и конечно судијата Илиоски покажа дека е пенал за Пелистер а во 64.минута Ристевски ја презеде одговорноста и успеа да реализира за 1:3. Повторно гостите имаат +2.

Домашните и дефинитивно тргнаа со сите сили во напад. Имаше закани и удари кон голот на Јовчевски, ама Пелистер беше опасен од контрите. Бошковски во 77.минута имаше супер шанса и за 1:4, ама за малку беше непрецизен.

СУПЕР ГОЛ НА АСАНИ, БЕСАГИЌ ИЗРАМНИУВА

Во 80.минута супер атрактивен потег на Шефити со ножички, но сепак за малку непрецизно.

Две минути подоцна сепак прекрасен гол, и тоа на Асани од 25 метри за 2:3. Нема што, овој гол го направи финишот супер интересен.

И беше. Бесагиќ во 83.минута убаво се снајде и стрелаше за израмнување, каков шок за Пелистер. Во 90+1.минута Бесагиќ шутираше со глава, но сега Јовчевски со супер одбрана.

ПретходноИталијанскиот гигант Алианц Милано во среда му гостува на Штип УГД: Ќе одиграме за реноме и за македонската одбојка!
СледноКога топката е „лава“ (ВИДЕО)