Полувреме: Одличен Пелистер, Керим и Швајц за убедливо водство!

79
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Заврши првото полувреме од последниот меч во есенската полусезона. Арсими – Пелистер 0:2, резултат кој по малку е изненадувачки, но според настаните на теренот апсолутно заслужено. Пелистер во првите 45 минути одигра одлично, тактички речиси идеално. Две шанси, два гола и тоа на ист начин со асистенција на втората статива а Керим во 15.минута и Швајц Ристовски во 33.минута стрелаа за убедливи 0:2.

Арсими борбен, сепак и немоќен против битолчани. Шефити, а кој друг, се закани во 17.минута кога шутираше со глава и во 32.минута кога испрати “бомба“, но Јовчевски одбрани.

Во финишот на првиот дел неколку шанси на двете страни. Прво Белиќ силно биеше, но домашниот голман одбрани. На другата страна двојна шанса за Арсими, но Јовчевски со двојна интервенција.

Се играше 43.минута кога Ристовски идеално го проигра Бошковски, но милиметри недостигаа тој да ја стигне топката и тоа да биде 0:3.

Да потсетиме дека на 14 септември во меч од 5.коло во Битола, тогаш Арсими како гостин го победи Пелистер со 0:4.

Дали битолчани се спремни за целосна одмазда?

ПретходноХамилтон: Ќе го фрлам мобилниот во канта за ѓубре
СледноВо кошарката се подготвува голем бунт против Борко Ристовски!