Со фантастичниот меч меѓу Арсими и Пелистер (3:3), денеска заврши официјално есенскиот дел од сезоната 2025/26 во ПМФЛ, а со тоа заврши и фудбалската 2025 година во ПМФЛ.
Па така во очекување на стартот на пролетниот дел, во кој ќе се одиграат уште 17 кола, редно е да видимее како изгледа табелата, и вака ќе биде се до февруари за кога е закажан стартот на пролетната полусезона.
Вардар е есенски првак со 42 бода, 13 победи и 3 нерешени и без пораз. Втора е Струга ТЛ со 41 бод, додека Шкендија има 36 бодови. Јасно е дека иако има -6 бода во однос на Вардар, актуелниот шампион нема намера така лесно да се предаде во битката за тронот.
Шкупи со само еден бод е убедливо последен, додека Работнички, кој е најголемото разочарување, е претпоследен со 7 бодови, со само една победа.
Погледнете ја официјалната табела по 16.коло или последно есенско коло во ПМФЛ. 















