“Кога играв за Барселона, имав девојка, но Роналдињо ми затропа на врата на полноќ…“ (ФОТО)

1
ФОТО: Ronaldinho/X

Роналдињо не само што беше мега – ѕвезда во светот на фудбалот, тој беше и голем шоумен, но и инспирација за сите негови соиграчи, каде и да играше. Па така Макси Лопез во подкаст кажа некои интересни работи што се случуваче додека беше дел од Барселона. Во центарот на приказната е никој друг освен Роналдињо.

Аргентинецот зборуваше за првите месеци во Барселона, кога сè уште се прилагодувал на новиот клуб, град и начин на живот. Во тоа време бил во врска, обидувајќи се да одржи рутина и рамнотежа помеѓу приватните обврски и професионалните предизвици.
Сепак, таа рамнотежа не траела долго. Како што вели Лопез, сè почнало да се менува во моментот кога Роналдињо решил лично да го запознае со животот на каталонската ноќ. Една вечер, точно на полноќ, Бразилецот му затропал на вратата. Роналдињо, според Лопез, бил сосема спонтан: сакал да излезе, да се забавува и да се опушти. Макси на почетокот се двоумел, но сепак се согласил. Излегол заедно со Бразилецот и набрзо сфатил дека не е обична ноќ, туку вовед во она што допрва доаѓа.

Следната вечер, сцената се повторила. Во исто време, уште едно тропање на вратата, и повторно Роналдињо со ист предлог. Иако знаел дека тоа може да му го наруши приватниот живот, Лопез повторно рекол да. Во подкастот се пошегува дека таква понуда во Барселона едноставно не може да се одбие. Роналдињо бил магнет, некој што со својата енергија ги влечеше сите околу себе во авантурата. Макси признава дека му било тешко да каже „не“.

Но, третата вечер го донесе првиот сериозен проблем. Неговата девојка во тоа време му поставила ултиматум: или Роналдињо или таа.

Како што кажа, тоа беше моментот кога знаеше дека мора да донесе одлука што ќе ги обликува неговите денови во Барселона.

Водителите на подкастот го прашаале што рекол, очекувајќи можеби дипломатски или емотивен одговор. Сепак, Макси Лопез беше брутален и целосно искрен – рече дека купил авионски билет и ја испратил девојката дома.
Тој исто така нагласи дека не станува збор за непочитување на девојката, туку за тоа колку влијание имал Роналдињо врз соблекувалната на Барселона. Тој бил лидер, забавувач и срце на тимот, некој што го водеше тимот и на теренот и надвор од него.

ПретходноСП 2025: Холандија по девет години до победа над Франција, Полска подобра од Австрија