И натаму е актуелно Светското женско првенство во ракомет. ИХФ покрај добри акции и одбрани, издвои и други интересни моменти од мечевите кои се играат во Холандија и Германија.
Најновото доаѓа од пресметката меѓу Швајцарија и Романија. Топката им паѓаше од раце на ракометарките на двете репрезентации како да е од лава.
Инаку оваа средба заврши со убедлива победа на Романија од 24-36, оваа селекција е на третото место на табелата и ќе се бори за повисок пласман, место во четвртфиналето веќе обезбедија Данска и Унгарија.










