Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

1

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“ во Ниш.
Натпреварот беше прекинат во 50-тата минута бидејќи на стадионот „Чаир“ снема струја, па навивачите на трибините и играчите на двата тима на теренот одеднаш останаа во целосен мрак. Во моментот на прекинот, резултатот беше 1:1.
Домашните поведоа во петтата минута кога Вања Илиќ прецизно шутираше од десната страна во далечниот агол и ја смести топката под пречката.
Чукарички израмни само три минути подоцна со голот на Слободан Тедиќ. Фудбалерите на Раднички и Чукарички беа во соблекувалните и чекаа одлука од надлежните органи на Суперлигашката заедница.

Сепак, откако струја дојде на стадионот во Ниш, мечот беше продолжен.

ПретходноКаков шок за фановите на Реал: Ни Зидан, ни Клоп…ова е наследникот на Чаби Алонсо!