Пелистер има најслаб напад во Лигата на шампиони, Манасков е четврти најдобар „пеналџија“

1
ФОТО: RK Pelister/FB

Натпреварите од групната фаза во Лигата на шампиони ќе продолжат дури во февруари. Единствениот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер на паузата замина со скор од две победи и осум порази, последното слабо издание против Загреб на гостински терен беше фатално за шпанскиот стратег, Рубен Гарабаја, кој си поднесе оставка.

После 10 одиграни кола, актуелниот македонски првак нема добри бројки кога станува збор за нападот. На десет меча има постигнато 255 гола од 420 обиди што го прави најслаб во силната конкуренција. Процентуалната реализација не е најслаба (60.7), но на листата на ЕХФ е последен.

Он во што е посебно добар тимот од Битола се пеналите. Тука Пелистер на петтото место со 39 погодени “седмерци“ од 49 обиди или во проценти 79,6. Пред македонскиот првак се Магдебург, Кјелце, ГОГ и Спортинг.

Кога сме кај удари од седум метри тука во Пелистер во преден план е Дејан Мансков, кој е четврти најдобар „пеналџија“ со 29 од 37. Поранешниот македонски репрезентативец е 13-ти стрелец во Лигата на шампиони со 54 гола од 72 обиди.

Статистички како изгледа Пелистер можете да видите во продолжение.

ПретходноЕлмас откри какви инструкции добиле од Конте