Можеби по малку изненадувачки, ама според се она што беше прикажано на натпреварот, секако заслужена победа на Холандија против Франција со 26:23. Ова значи дека Холанѓанките на крајот завршија како први во групата од главната рунда во групата 3 и со тоа си закажа четвртфинале против Унгарија.
Интересно беше дека и пред мечот се знаеше дека и двете селекции ќе одат во следната фаза, но секако дека се играше за престиж и ретко кој можеше да претпостави дека светскиот првак ќе биде поразен.
Претходно денеска во меч од оваа група, Полска беше подобра од Австрија со 35:30 а Аргентина славеше против Тунис со 30:29.










