Фудбалер во Англија стана хит – откако се обиде да ги поправи рефлекторите

1
Фото: Rusthall FC

Аматерски фудбалски натпревар го привлече вниманието во Англија. Истиот беше прекинат во второто полувреме откако рефлекторите се изгаснаа при резултат 2-0. Напаѓачот на Растал, Чарли Кловер, кој е електричар, се искачи во дреси и копачки да го реши проблемот. Сепак, не успеа и домашниот тим набрзо објави на социјалните мрежи дека натпреварот е прекинат.

Растал објави фотографија од Кловер како се обидува да го реши проблемот на социјалните мрежи. Објавата стана вирална.

„Ова експлодираше посилно отколку што мислев. Само сакав да ја продолжам играта“, напиша Кловер, осврнувајќи се на бројот на луѓе кои го видоа неговиот обид да го поправи.

ПретходноАрсенал се вклучува во трката за талентот на Јувентус, цената е над 100 милиони евра