16-годишна фудбалерка на Љуботен на „радарот“ на Јувентус

1
Фото: RudyGaletti Х

За женскиот фудбал во Македонија се помалку се зборува, а уште помалку се промовира истиот. Но, дека имаме надежни фудбалерки потврди познатиот италијански новинар Руди Галети.

Според него Јувентус се интересира за 16-годишната Меланија Грозданова која го носи дресот на Љуботен. Таа има постигнато осум гола, а игра на крилната позиција.

Меланија веќе има настапо во сениорската репрезентација на Македонија, а беше во стартниот тим на последните два контролни меча против Русија.

 

ПретходноПелистер има најслаб напад во Лигата на шампиони, Манасков е четврти најдобар „пеналџија“