Реал Мадрид денеска потврди дека Едер Милитао претрпел сериозна повреда на левиот тетивен мускул на вчерашниот меч со Севиља, што би можело да го оддалечи од терените на подолг период.
Милитао нема среќа со повредите во последните неколку години. Речиси две цели сезони му беа уништени од повреди на вкрстените лигаменти на двете колена, а сега повторно е погоден од сериозна повреда.
Според информациите од клупски извори, Милитао синоќа претрпе сериозна повреда на лигаментите на левата тетива. Повредата се проширила и на тетива во близина на колкот, што ја прави посериозна од едноставно скинато лигамент.
Реал Мадрид не објавуви ништо за времетраењето на рехабилитацијата, но првичните извештаи од шпанските медиуми се дека тој би можел да отсуствува во следните 3-4 месеци.










